Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои на петти септември 2009 година ги загубија своите животи во потонувањето на бродот „Илинден“, јавува бугарската новинска агенција, БГНЕС.
Во трагичиот инцидент загинаа 15 бугарски туристи. На бродот имаше над 50 луѓе од Бугарија кои патуваа кон манастирот „Свети Наум“. Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот.
Со реакција се јави и македонското МНР.
„Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија, наведуваат од Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението од МНР.
И Константин Георгиески градоначалникот на Охрид со осуда за настанот.
„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи“, пишува градоначалникот Георгиески.
https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/730445207561085Можеби ќе ве интересира: