Ангели подобри од Борец Баскет за првиот пораз на велешани во првенството

Кошаркарите на Борец Баскет го претрпеа првиот пораз во новото првенство во Втората кошаркарска лига, откако вечерва во Скопје, загубија од фаворитот за највисок пласман, екипата на Ангели, со убедливи 83:56 (25:13, 27:12, 10:13, 21:18).

Zito akcija 640x289px

Скопјани ја добија средбата уште во првото полувреме, кога направија убедлива предност од 27 поени. Во тој дел од натпреварот, кошаркарите на Борец Баскет не успеаја да парираат, а посебно не функционираше играта во одбрана, што го покажува и големиот број примени поени, вкупно 52 за едно полувреме. Во тимот на Борец Баскет се чувствуваше и отсуството на Владимир Брчков, кој на минатонеделната средба со Струмица се повреди, па тренерот Бојчев реши да го одмори на оваа средба.

Agria

Во третата четвртина велешани заиграа подобра одбрана и примија само 10 поени, па поради тоа и го добија овој период од играта со три поени разлика. Но во последната четвртина влега со огромна негатива од 24 поени, која практично беше невозможно да се стопи.

По петтото коло, екипата на Ангели е осамена на врвот на табелата со максимални пет победи, а веднаш зад неа е тимот на Борец Баскет, кој има скор од четири победи и еден пораз. Во следното шесто коло, кое се игра во среда, велешани гостуваат на екипата на Куманово 2.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: