(ФОТО) Сателитите на Илон Маск прелетаа преку Велес

Велешни вечерва беа сведоци на несекојдневен феномен, кога неколку летечки објекти околу 18 часот прелетаа на небото преку Велес.

Zito akcija 640x289px

Објектите се движеа рамномерно во колона, па оние што ги забележаа, реагираа на социјалните мрежи, прашувајќи за што се работи и постирајќи фотографии од летечките објекти.

Agria

Она што велешани вечерва го видоа се малите сателити “Старлинк” што периодично ги лансира компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, „СпејсЕкс“, а чија крајна цел е формирање на констелација од сателити, кои треба да ја покријат целата Земјина топка со брз интернет.

Секој сателит е тежок 227 килограми и оваа констелација постепено ќе се надградува. Секој пат одеднаш се лансираат по 60 сателити, кои оставаат впечаток на воз.

Маск почна да го развива проектот „Старлинк“ во 2015 година и неговата вредност се проценува на 10 милијарди долари. „СпејсЕкс“ до 22 април лансирал 417 сателити и во план е тоа да се изведува на секои две недели. Констелацијата за почеток би требала да се состои од 12.000 сателити.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: