Маж и жена од Велес починаа од коронавирус

Bolnica Veles

По подолг период, нови смртни случаи од ковид-19 се регистрирани во Велес. Двајца велешани починаа во велешката болница како последица од компликации од коронавирусот. Синоќа почина жена на 72-годишна возраст, која, како позитивна на ковид-19, дента била префрлена од интерното на инфективното одделение со ниска сатурација на кислород и пневмонија. Истиот ден почина и маж на 75-годишна возраст, кој на инфективното одделение, со позитивен тест и во тешка состојба, бил примен ден претходно.

Zito akcija 640x289px

Од велешката болница информираат дека денеска од ковид-19 таму се лекуваат 75 пациенти, од кои 65 се со потврден позитивен тест, седуммина се сомнителни и тројца пациенти имаат негативни тестови. Вкупно 32 пациенти добиваат кислородна поддршка. На инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, на одделението за физикална терапија има 15, а на интерното одделение шест пациенти.

Agria

Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 2237 велешани, од кои 1454 оздравеа, а 72 починаа. Активни се сè уште 711 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16445/rekonstruirani-i-asfaltirani-nekolku-uliczi-vo-veles-vo-zavrshna-faza-e-trotoarot-vo-teatarot-do-poshta/