Реклама

(ВИДЕО) Немири во соседна Албанија по убиството на 25-годишното момче кое го прекрши полицискиот час

Albanija nemiri

Главниот град на Албанија синоќа беше потресен од немирите поради убиството на 25-годишно момче што го прекршило полицискиот час воведен како мерка за борба против коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Клодијан Коши бил убиен во раните утрински часови во вторникот и полицијата потврди дека имало прекумерна употреба на сила и дека полицаецот кој пукал е уапсен. Полицијата во прв момент соопшти дека Коши не ги послушал наредбите на полицаецот да застане и дека носел оружје, за потоа да го демантира второто.

Agria

„Полицаецот не дејствувал согласно закон при употребата на огнено оружје“, соопшти полицијата.

Демонстрантите исто така се обиделе да упаднат во владиниот комплекс, каде што е канцеларијата на премиерот Еди Рама, но полицијата ги растерала со солзавец.

Портпаролот на полицијата во Тирана изјави дека најмалку девет полицајци се повредени, а демонстрантите оштетиле неколку полициски возила.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16490/vo-kovid-czentrite-na-internite-kliniki-ke-bidat-isprateni-dopolnitelen-broj-lekari/