Реклама

Јанчев: „Мој општинар“ е сериозен сектор кој ги решава проблемите на граѓаните

Tри години успешна работа одбележува службата „Мој општинар“,  која започна со работа на стартот на мандатот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој денеска на прес конференција искажа задоволство од досега сработеното и рече дека очекува овој проект да биде имплементиран и во други општини во земјава, бидејќи ја подобрува врската меѓу општината и граѓаните, а нивните проблеми многу полесно стигнуваат пред надлежните.

Zito akcija 640x289px

„По неполни два месеци од почетокот на извршувањето на функцијата градоначалник, проектот ‘Мој општинар’ беше целосно подготвен и промовиран. Осум вработени лица излегоа на терен, опремени со потребните ресурси и започнаа да ги запознаваат проблемите на жителите и полека да ги решаваат. На почетокот функциониравме со пријавување на проблеми и нивно решавање, полека овој проект прераснуваше во сериозен сектор, кој е вклучен во правењето на годишните програми за работа на Општина Кавадарци. Мој општинар се вклучени и во реализацијата на голем број значајни проекти, но и се иницијатори за нови проекти кои ги бараат граѓаните во рамкиите на нашите можности“, рече Јанчев.

Agria

Градоначалникот во своето обраќање посочи дека службата „Мој општинар“ големо внимание посветувала и на руралните средини.

Задоволен од функционирањето и соработката со граѓаните е и Димитар Радњански, кој на прес конференцијата говореше од името на сите луѓе вклучени во овој проект. 

„Започнавме со проект ‘Мој општинар’, а достигнавме до сектор кој е водилка за голем дел од успесите на нашата Општина. Дека сме успешни, знаеме, затоа што сите насоки кои ги даваат на семинари и обуки за функционирање на една општина, нас веќе ни се спроведени. Точно пред една година ветивме проекти како зелен катастар, соработки со други институции и невладини оргнизации, изготвување на стратешки документи за напредок на општината и сето тоа го реализиравме. Но, реализиравме и проекти кои не ги највивме, целосна обнова на градскиот парк ‘Љубчо Шкартов’, санација на локалните патишта до Радња, Драгожел, Клиново и други села, донација од влада за хортикултурно уредување и многу други проекти“, рече Радњански и нагласи дека службата несебично е вклучена во извршувањето на превентивни мерки во борбата со ковид 19.

Преземено од: kvt.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16525/razreshena-direktorkata-na-czentarot-za-javno-zdravje-veles/