Реклама

Од март месец граѓаните ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта

poshta

Директоротот на македонски пошти, Јани Макрадули очекува од први март наредна година да бидат отворени шалтерите на Халк банка и сите граѓаните да можат да ги плаќаат сметките во пошта.

Zito akcija 640x289px

„Договорот е во финална фаза. По одобрувањето на Владата, има детали коишто ги договараме. Обврска на банката е за да започне со работа најдоцна за два месеца. Јас верувам дека на 1 март следната година граѓаните ќе можат да плаќаат сметки. Замолувам за трпение. Нашата провизија е најмала. Ние како универзален оператор имаме обврска да одржуваме 330 точки низ државата. Има места во кои не можете да платите на друго место освен во пошта. На банките не им се исплати да имаат филијали во руралните средини“, вели Макрадули.

Agria

Владата ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје во согласност со двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за Пошта на Македонија со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16525/razreshena-direktorkata-na-czentarot-za-javno-zdravje-veles/