Во последните 24 часа во земјава починаа 25 лица по компликации од ковид-19, покажува денешниот извештај на Министерството за здравство. Жртвите се на возраст од 47 до 87 години. Од нив, двајца се пациенти од Велес на 68 и 61-годишна возраст.
Според извештајот од здравствените власти: осум од починатите се од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71 г); двајца од Куманово (86 и 87 г); еден од Прилеп (77г); двајца од Велес (68 и 61 г); тројца од Битола (54, 67 и 57 г); еден од Кавадарци (68г); тројца од Гостивар (60, 75 и 59 г); еден од Гевгелија (71г); еден од Струмица (47г); еден од Радовиш (53г); еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г).
Од нив двајца пациенти се починати вон, а останатите се во болнички услови. Вкупната бројка на починати од ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 2 121.
Во последните 24 часа од направени 1837 тестирања, регистрирани се 613 нови случаи на ковид-19, од кои 24 се откриени во Велес. Во другите градови состојбата е следна: Скопје 204,Куманово 35,Дебар 15,Штип 20, Прилеп 27,Тетово 29, Струга 19, Битола 23, Охрид 27, Кавадарци 38, Гостивар 24, Гевгелија 19, Струмица 9, Крива Паланка 8, Радовиш 8, Кочани 11, Пробиштип 3, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 12, Валандово 2, Виница 1, Делчево 4, Свети Николе 15, Кичево 11, Ресен 7, Неготино 15.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од кои 29 се во Велес.
Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103.
Во Велес од почетокот на пандемијата се регистрирани 2446 заразени со коронавирус, од кои 1678 се оздравени, 79 починаа, а 689 се активни случаи.
Можеби ќе ве интересира: