Бројката на новозаразени од ковид-19 се намалува

Korona Makedonija
Korona Makedonija

Бројот на новозаразени од ковид-19 полека опаѓа. Веќе шести ден бројката е под илјада. Во последните 24 часа се направени 2347 тестирања, а регистрирани се 657 нови случаи на ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Состојба по градови изгледа вака:

Agria

Скопје 323-Куманово 23-Штип 8-Прилеп 38-Тетово 19-Струга 15-Велес 22-Битола 36-Охрид 28-Кавадарци 25-Гостивар 17-Гевгелија 6-Струмица 13-Крива Паланка 6-Радовиш 10 -Кочани 12-Пробиштип 4-Македонски Брод 4-Пехчево 1 -Берово 7-Валандово 5-Виница 2-Делчево 7-Кратово 1-Свети Николе 4-Кичево 5-Ресен 5-Неготино 11.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти, починати се 31 лице, десет пациенти од Скопје (93, 79, 73, 76, 69, 40, 84, 70, 61, и 88г), тројца од Куманово (57, 74 и 81г), еден од Дебар (81г), пет од Прилеп (55, 58, 78, 70 и 56г), двајца од Тетово (59 и 81г), еден пациент од Струга (75г), еден од Охрид (47г), еден од Кавадарци (51г), тројца од Гостивар (60, 75 и 68г), двајца од Струмица (72 и 83г), еден од Крушево (76г) и еден пациент од Делчево (65г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 76251, бројката на оздравени пациенти е 52413, на починати е 2225, а бројот на активни случаи изнесува 21613.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: