(ФОТО+ВИДЕО) Во Запорожје се сретнаа поранешните соиграчи на Борец

Натпреварот помеѓу Мотор и Нант, кој во рамките на ракометната Лига на шампиони вчера (недела 20.12.2020) се одигра во украинскиот град Запорожје беше прилика да се сретнат поранешните клубски другари на велешки Борец – Кирил Лазаров и Јуриј Салогуб.

Zito akcija 640x289px

Нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, кој настапува за француски Нант, на почетокот на својата професионална кариера, како 15-годишен ракометар играше во тимот на Борец, со кој во сезоната 1994/95 ја освои шампионската титула на Македонија. Тогаш во Борец играше и украинскиот интернационалец Јуриј Салогуб (54), кој беше дел од една од најдобрите постави на РК Борец на сите времиња.

Agria

На средбата и се израдуваа и двајцата поранешни соиграчи, а Салогуб објави фотографии на својот фејсбук профил и напиша:

„Се сретнав со мојот македонски пријател Кирил Лазаров. Игравме заедно во Борец од Велес во 1995 година против Елгоријага ЕСП“

https://www.facebook.com/yuriysalogub/posts/3661968610523063

Во средината на деведесеттите велешки Борец имаше „страшен“ тим, со Дејан Кимевски и Тоше Тутарков на голот, Игор Котевски и Кацаров на пивотменската позиција, Александар Јовиќ, Димче Николов и Каме Петров на крила, Столе Илиев, Зоран Диневски, Крстев, српските интернационалци Миодраг Миша Радивоевиќ и Александар Дугиќ, Украинците Јуриј Салогуб, Коста Костјук и Игор Пинчук на бековските позиции, а најмлад меѓу нив беше тогаш 15-годишниот Кирил Лазаров, кој играше на позиција на десно крило. Тренер на екипата која ја освои шампионската титула беше Србинот Јошко Пековиќ, кој подоцна беше и селектор на машката и женската репрезентација на Македонија. Една година пред освојувањето на шампионската титула, Борец го освои и Купот на Македонија, а предводник на тој тим беше велешанецот Ангел Кирков, еден од главните играчи беше и Горан Шопов, кој следната сезона замина во странство.

Како шампион на Македонија, Борец играше во тогашниот Куп на европските шампиони, а во првото предквалификациско коло во драматичен двомеч го елиминира романскиот првак Динамо од Букурешт. Во првата средба која се играше во романскиот град Брашов, Борец загуби со 8 голови разлика, но во реваншот во Велес, во пеколна атмосфера, успеа да ја надомести разликата и да се пласира во првото коло. Таму налета на тогаш актуелниот европски и шпански првак Елгоријага Бидасоа, во чии редови настапуваше можеби најдобриот бек во тој период Ненад Перуничиќ. Двата натпревари Борец ги одигра во Сан Себастијан во Шпанија, но иако загуби, достојно го презентираше македонскиот ракомет. Во тоа време Борец имаше стабилен спонзор во фирмите Пазар на пари и Тетра, чиј сопственик беше велешанецот Илинденко Стровјаноски.

На youtube е зачувана снимка од последните неколку минути од првото полувреме од средбата со Динамо Букурешт во Велес, на која настапуваат споменатите ракометари, меѓу кои и Јуриј Салогуб и Кирил Лазаров.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: