Играчот на македонската репрезентација и член на Динамо Загреб доби големо признание и прогласен е за најдобар играч за изминатата 2020 година во Хравтска, во анкета на „Т-Портал“ во која гласаа капитените.
„Мислам дека нема поголемо чест и задоволство кога ќе те изберат за најдобар играч и тоа луѓе кои ја прават истата работа што ја правиш и ти. Овој трофеј ќе носи посебно место меѓу моите признанија“, изјави Адеми.
Нашиот репрезентативец победи во анкетата со вкупно 66 бода, а на второ место со дваесет помалку освоени бодови е Мијо Цакташ, а на трето место е играчот на Ријека, Франко Андријашевиќ.
Можеби ќе ве интересира: