Велес ќе отстапи објекти за самоизолација

Општина Велес ја разгледува состојбата на објекти во нејзина сопственост, кои можат да се стават на располагање во случај за потреба за сместување на граѓани, на кои им е потребна самоизолација.

Zito akcija 640x289px

На денешниот состанок, Општинскиот штаб за заштита и спасување донесе неколку заклучоци. Ќе се помогне со обезбедување на ракавици, маски, мантили, средства за дезинфекција на сите институции кои се директно вклучени и засегнати од настанатата ситуација со COVID-19.

Agria

Кризниот штаб ќе ја продолжи соработката, активностите и работата на веќе формираните мобилни тимови во соработка со Општинската организација на Црвен Крст, Велес.

„Се предложува до ЈКП „Дервен” да донесе одлука во врска со покриениот пазар во Нова населба, истиот времено да биде затворен, додека на градскиот пазар се направи соодветен распоред на тезгите, а влезот во самиот пазар да биде редуциран и регулиран со распоред од овластени лица од претпријатието. Согласно донесениот Оперативен план за превентивна дезинфекција на Општина Велес, да се продолжи според динамиката дадена во истиот, за дезинфицирање на јавните прометни површини“, велат од општина Велес.

На денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување присустуваа и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, Стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица, Центарот за социјални работи, претседателот на Советот на Општина Велес, претставници на трудовата инспекција и вработените од општинската адмнинистрација.