Почина пациентот од Кикинда, кој беше заболен од коронавирус. Ова го соопшти премиерката Ана Брнабиќ на прес конференција. Таа рече дека на респиратори се наоѓаат уште осум лица, кои се борат за живот.
Како што јавува дописникот на МИА од Белград, во Србија, во 18 часот, се потврдени уште 17 случаи и со што вкупниот број на заболени пациенти сега е 135 лица.