Реклама

Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светско првенство

Македонската ракометна репрезентација сепак ќе учествува на Светското првенство во Египет кое стартува утре. Чешка официјално го откажа настапот во Египет, тоа значи дека Македонија како прва резерва ќе биде замената и ќе настапи на светскиот шампионат.

Zito akcija 640x289px

Нашиот национален тим ќе се сретне со Египет, Шведска и Чиле во рамките на групата Г. Прв наш противник ќе биде Шведска, а последен Чиле, со кој веќе двапати игравме во последните седум дена. 

Agria

Трите најдобро пласирани селекции ќе обезбедат место во следната рунда, во која ќе бидат формирани четири нови групи со по шест репрезентации.Во нокаут ќе одат по две најдобри репрезентации од секоја група.

Еве го распоредот на натпреварите на нашата репрезентација:

14 јануари – 20:30 часот – Шведска – Македонија
16 јануари – 18:00 часот – Египет – Македонија
18 јануари – 15:30 часот – Македонија – Чиле

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17613/veleshanecz-namesto-da-sedi-vo-samoizolaczija-izleguval-nadvor-od-domot/