Нови 477 случаи на коронавирусот се регистрирани во последните 24 часа. Од нив, седум се во Велес, каде што има и девет оздравени пациенти. Во изминатото деноќие на територија на градот Велес според Министерството за здравство нема починат пациент како последица од Ковид-19.
Состојбата по градови е следна:
Скопје 221-Куманово 27-Дебар 1-Штип 13-Прилеп 24-Тетово 12-Струга 3-Велес 7-Битола 15-Охрид 17-Кавадарци 20-Гостивар 18-Гевгелија 5-Струмица 20-Крива Паланка 6-Радовиш 6-Крушево 5-Кочани 4-Пробиштип 3-Македонски Брод 2-Пехчево 3-Берово 7-Валандово 2-Виница 4-Делчево 8-Кратово 2-Свети Николе 3-Кичево 7-Ресен 10-Неготино 2.
Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83г), еден од Прилеп (77г), еден од Тетово (50г), еден од Струмица (88г), еден од Битола (61г), еден од Гостивар (80г), еден од Гевгелија (60г) и еден пациент од Пробиштип (66г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од:-Скопје 126-Куманово 23-Дебар 8-Штип 1-Прилеп 21-Тетово 14-Струга 18-Велес 9-Битола 15-Охрид 21-Кавадарци 16-Гостивар 3-Гевгелија 4-Струмица 7-Крива Паланка 14-Радовиш 3-Крушево 2-Кочани 5-Пробиштип 1-Валандово 2-Виница 2-Кратово 2-Свети Николе 1-Кичево 1-Ресен 3-Неготино 9.
Досега во земјава се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 87590, бројката на оздравени пациенти е 68695, на починати е 2657, а бројот на активни случаи изнесува 16238.
Можеби ќе ве интересира: