Германската канцеларка, Ангела Меркел размислува за воведување досега најстрогo заклучување во земјата, пишува „Билд“.
Ваквата блокада би значела целосно затворање на државата.
Германија во изминатите 24 часа го забележа најголемиот број на смртни случаи од коронавирус, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“, наведувајќи дека до полноќ биле потврдени уште 1.244 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата од почетокот на пандемијата изнесува 43.881.
Според Институтот, во Германија до полноќ биле потврдени уште 1.244 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи е на 43.881 од почетокот на пандемијата. Според податоците, 25.164 нови случаи на инфекција се потврдени претходниот ден.
Во земјата во меѓувреме се затворени училиштата, продавниците кои не продаваат основни намирници, баровите, рестораните и содржините за забава и култура, со мерките кои од воведувањето на почетокот на ноември постепено се заоструваа.
Мерките, кои предвидуваат и дека едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг, би требало да останат на сила најмалку до крајот на јануари.
Канцеларката Ангела Меркел и други членови на владата веќе предупредија дека мерките би можеле да бидат продолжени и по јануари.
Се очекува Меркел на 25 јануари, на средбата со премиерите на 16 сојузни покраини, да ги разгледа следните чекори во борбата со пандемијата.
„Германија до крајот на годината ќе воспостави контрола врз пандемијата на коронавирусот, но новиот, повирулентен сој на вирусот се заканува да ја влоши ситуацијата“, кажа денес шефот на германскиот Институт Роберт Кох.
Можеби ќе ве интересира: