По најавите дека Кочо Анѓушев ќе го напушти Борец, во јавноста се појавија бројни негодувања. Преку верните „Гемиџии“ до сите поддржувачи на клубот, а сега се огласија и самите фудбалери.
Играчите на овој прволигаш застанаа зад својот прв човек, нагласија дека Анѓушев е главен „виновник“ за успесите и настапите на Борец во ПМФЛ. Соопштението од фудбалерите на Борец ви го пренесуваме во целост:
„Деновиве сме сведоци на разни теми и случувања околу темата ФК Борец. Ние како играчи во клубот максимално стоиме и го поддржуваме нашиот претседател во сите одлуки. Воедно, упатуваме апел да не се стои на патот на успешниот проект кој ќе носи многу успех и радости во Велес и спортот, а секако најголем „виновник“ е компанијата Брако, која што има многу финансии за Борец да биде тоа што е денес. Ние како професионалци нашите обврски ги исполнуваме во целост и се подготвуваме за првенството во кое очекуваме голем заеднички успех на ФК Борец, градот Велес и секако нашиот дванаесетти играч, навивачката група „Гемиџии“ која што дава максимална поддршка до нас и сопственикот на клубот. Целата ситуација не загрижува нас играчите, сите работници во клубот и навивачите. Се надеваме дека проблемот ќе биде решен во најкраток период и нема да останеме на цедило. За доброто на Велес, на ФК Борец и спортот. Велес е Борец, Борец е Велес“.
Можеби ќе ве интересира: