Фудбалерите на Борец одиграа 1:1 со тимот на Работнички, во вториот тест во подготовките за продолжението на првенството. Велешани и скопјани одиграа рамноправен и не многу возбудлив натпревар, но тоа е разбирливо, бидејќи и двете екипи се во правата фаза од подготовките, кои стартуваа пред една недела.
Работнички поведе во 15 минута преку Јован Петровиќ, а Борец израмни во 81 минута, кога стрелец на голот беше Џемаил Ибрахимовиќ.
И двајцата тренери Михаилов и Влахо имаа можност да ги пробаат своите нови фудбалери, кои во зимскиот преоден рок ги засилија нивните тимови. Втор натпревар по ред кај велешани одлично издание имаше новиот напаѓач Александар Мишов, кој во неколку наврати сериозно го загрозуваше голот на „романтичарите“. Солиден впечаток оставија и новајлиите Лука Трајковски и Алехандер Борха, кои покажаа дека ќе бидат значајно засилување за екипата на Борец.
На оваа средба Борец играше во состав Георгиевски – Стојменовски, Стојчевски, Борха – Ристовски, Трајков, Чичевски, Ефтимов, Коцев – Мишов, Прелчец, а во второто полувреме шанса добија уште и Трајковски, Ибрахимовиќ, Шабанов, Петров, Гашев, Георгиевски, Ристески, Стојчевски и новиот голман Силјановски.
Во составот на велешани недостасуваа Никола Гавриќ, кој се уште закрепнува од тешката повреда, но е веќе во тренажен процес, Ѓорѓи Ѓорѓиев, кој за следните натпревари ќе ја зголеми конкуренцијата за тимот и новото засилување, хрватскиот интернационалец Еди Баша, кој поради административни пречки, денеска не настапи, но се очекува да конкурира за првиот тим веќе во следниот натпревар, со што Борец и во пролетниот дел ќе има конкурентен тим за висок пласман.
Интересно е што и четвртиот меѓусебен дуел меѓу Борец и Работнички во Велес заврши нерешено, откако претходно овие два противника одиграа без победник во три првенствени средби.
Можеби ќе ве интересира: