Прелчец заминува од Борец

Nikola Prelcec
Nikola Prelcec

Еден од најдобрите фудбалери и капитен на Борец Никола Прелчец заминува од Борец. Тој пред малку ни ја потврди оваа вест, но не сакаше да открие каде ќе ја продолжи својата кариера. Прелчец побарал исписница од клубот уште пред неколку дена.

Zito akcija 640x289px

„Од вчера повеќе не сум играч на Борец. Потпишав раскин на договорот. Во разговор со претседателот, уште пред неколку дена, така се договоривме. Во Велес ми беше убаво. Благодарен сум на претседателот, тренерот и стручниот штаб што ми дадоа можност да се покажам на македонската фудбалска сцена и мислам дека на теренот тоа го докажав. Им благодарам на „Гемиџиите“ и на останатите навивачи за поддршката. Во Велес стекнав многу пријатели и градот ќе ми остане во срце. Се надевам дека луѓето кои ќе го преземат клубот и моите поранешни соиграчи, ќе опстанат во лигата и следната сезона ќе направат уште посилна екипа. Градот Велес и Борец тоа го заслужуваат“, рече Прелчец во изјава за Батали.нет.

Agria

Сепак, дознаваме дека довчерашниот напаѓач на Борец е во финални преговори со Работнички и најверојатно таму ќе ја продолжи кариерата.

Никола Прелчец во Борец дојде во 2019 година и одигра една и пол сезона во дресот на велешкиот прволигаш. Во минатата сезона, прекината поради ковид-19 кризата, Прелчец беше најдобар стрелец на Борец со постигнати девет голови, а во моментот кога се прекина првенството, беше и меѓу најдобрите стрелци во лигата.

Заминувањето на Прелчец доаѓа во момент кога ветераните на Борец и навивачката група „Гемиџии“ грчевито се борат клубот да опстои и да го продолжи пролетниот дел од првенството. Постигнат е договор со сопственикот на Брако Кочо Анѓушев акционерското друштво Борец 1919 да им го предаде без никаков надомест и без долгови. За денеска е закажан тренинг на фудбалерите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: