Реклама

Никола Ристески го напушта Борец

Стоперот на Борец Никола Ристески го напушта Борец. Тој пред малку за Батали.нет ја потврди оваа информација.

Zito akcija 640x289px

„Жал ми е, но заминувам. Проценив дека ова повеќе не е средина за мене. Поминав убава една година во Борец и сакам да им се заблагодарам на сите и на навивачите и н управата и на вас новинарите и на ветераните, кои се обидуваат да го преземат раководењето со клубот. Се уште не сум одлучил каде ќе ја продолжам кариерата, но набрзо и тоа ќе се среди“, рече дефанзивецот Ристески.

Agria

Ристески во Борец дојде минатата сезона, а во дресот на велешкиот прволигаш одигра 22 средби и беше еден од клучните играчи во одбраната.

Тој е третиот фудбалер кој официјално го напушта Борец, откако Анѓушев се повлече од спонзорирање, откако претходно заминаа Никола Прелчец и Алехандер Борха. Дел од медиумите најавија дека и младинскиот репрезентативец Оливер Стојменовски решил да го напушти клубот, но тој денеска беше присутен на состанокот со Анѓушев и ветераните. Борец го нашушти и тренерскиот тандем Михаилов – Темелков.

Можеби ќе ве интересира: