Реклама

Стојан Стојчевски го напушти Борец

Столбот на одбраната на Борец и еден од најдобрите стопери во лигата Стојан Стојчевски го напушти велешкиот прволигаш. Тој е четвртиот фудбалер кој си заминува од Борец, откако Кочо Анѓушев се откажа од финансирањето на клубот. Во изјава за Батали.нет, Стојчевски ја потврди веста.

Zito akcija 640x289px

“Заминувам поради тоа што имам прилика за нешто подобро и за повисоки цели. Големо благодарам до ФК Борец, до старата управа, тренерите, помошниците, играчите и сите вработени во клубот, секако, Гемиџиите и сите кои што бевме заедно и во добро и во лошо. На новата управа и посакувам многу среќа. Сигурен сум дека клубот ќе продолжи да функционира нормално и ќе најде нови и подобри засилувања. Се уште не знам каде ќе ја продолжам кариерата. Имам понуди од странски клубови, но ако не се реализираат, ќе одберам помеѓу две-три понуди од домашни клубови”, рече Стојчевски.

Agria

28-годишниот Стојчевски во Борец пристигна на почетокот на сезонава од редовите на штипска Брегалница и се наметна како незаменлив дел од одбраната на велешани. Покрај Стојчевски, од Борец заминаа и Никола Прелчец, Алехандер Борха и Никола Ристески, а велешкиот прволигаш остана и без тренерскиот тандем Михајлов- Темлков.

На вчерашниот состанок со фудбалерите и ветераните на Борец кои сакаат да го преземат клубот, сопственикот на Брако Кочо Анѓушев рече дека клубот како акционерско друштво мора да се продаде на берза по номинална вредност од 25 илјади евра, а откако новата управа ќе ги уплати парите, тој вети дека поголемиот дел од нив ќе ги врати во клубот како донација.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18232/nikola-risteski-go-napushta-borecz-2/