Суспензија за осум полициски службеници поради сомнение дека издавале возачки дозволи за пари

policija
policija

Осум вработени во МВР се суспендирани од работа по скандалот со фалсификувањето на возачки дозволи. По внатрешната контрола на МВР, во истрагата беше вклучено и Јавното обвинителство.

Zito akcija 640x289px

По синоќешната акција, поднесени се 36 кривични пријави против организираната група, која издала возачки дозволи на најмалку 28 граѓани без да ги положат испитите. Сепак, Министерството не ги открива иницијалите на осомничените, ниту позицијата која ја извршуваат во МВР.

Agria

„Преку коруптивни дејствија, злоупотреба на службената положба и овластување или несовесното работење во служба, точно е дека имаме истрага за 8 лица кои што се припадници на Министерството за внатрешни работи кои што директно учествувале во овие нелегални активности за издавање на возачки дозволи на лица кои што немаат положено возачки испит.“, рече Спасовски.

Според МВР, пријавените службени лица вработени во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци, истата ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: