Министерството за здравство денес доста рано ја објави ковид состојбата во државава. Во неа се наоѓаат седум случаи на коронавирус во Велес. Регистрирани се и девет оздравени велешани. Активниот број на случаи на ковид-19 во Велес е 249
Во последните 24 часа се направени 1846 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 80, Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.
Регистрирани се 264 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 8 починати лица.
Починати се 2 пациенти од Кочани (74, 70г), по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76г), Ресен (88г), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.798, бројката на оздравени пациенти е 83.999, на починати е 2.924, а бројот на активни случаи изнесува 7.875.
Можеби ќе ве интересира: