Голем дел од здравствените работници на истокот од државата сакаат да се вакцинираат

Zdravstveni rabotnici Delcevo

90 % од здравствените работници од истокот на државата сакаат да се вакцинираат против корона. Тоа го покажа анкетата спроведена на барање на Министерството за здравство. Според протоколот објавен вчера во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници од Ковид центрите. Во штипската Клиничка болница од над 400 вработени една третина би требало да се вакцинираат во првата фаза. Оние кои веќе го прележаа вирусот, а ги има над стотина ќе почекаат.

Zito akcija 640x289px

„Доброволно за вакцинирање веднаш во Клиничка болница- Штип се пријавија околу 126 вработени. Тоа се луѓе кои имаат контакт со заболени. Тие ќе имаат приоритет на листата. Останатите ќе почекаат“, велат  од Клиничка болница Штип.

Agria

Во Кочани од 251 вработен, 17-мина треба да добијат вакцина во првата фаза, останатите од кои 37 веќе го прележале вирусот во наредните. Највисок процент на заинтересирани здравствени работници има во Делчево каде речиси сите вработени сакаат да бидат вакцинирани против коронавирусот.

„90 проценти од нашите вработени доброволно се пријавија за вакцинирање. Причина веројатно е и што во Делчево налетот на вирусот не стивнува. Зимските празници си го земаа данокот. Недисциплината и славењето на последните јануарски празници сигурно ќе ни донесат и нов бран за неколку денови“, вели Марија Глигоровска, директор на Здравен дом Делчево.

Потврда дека Пијанецот е ново жариште на корона на истокот е и фактот дека во сите градови од регионот бројот на позитивни на корона вирус се намалува и бројките секаде се двоцифрени, освен во Делчево каде има над 216 активни случаи. 

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: