ОФИЦИЈАЛНО: Поранешен репрезентативец го засилува Борец

Поранешниот фудбалски репрезентатитвец на Македонија Ванче Шиков од денеска е нов играч на велешки Борец. Искуснииот, 35-годишен стопер доаѓа во редовите на велешани, откако минатиот месец си замина од Тиквеш.

Zito akcija 640x289px

И покрај неговите години, Шиков ќе биде големо засилување за Борец, кој во одбраната остана без двајцата стопери Стојан Стојчевски и Никола Ристески, кои го напуштија клубот.

Agria

Шиков досега во својата кариера има играно, покрај неговиот матичен клуб Тиквеш, во Победа, Ксанти, Олимпијакос, Керкира, Аполон, Етникос, Волин, Австрија Виена, Нефчи, Работнички, Тобол, Академија Пандев, а за македонската репрезентација има одиграно 52 натревари на кои постигна и четири гола.

Покрај Шиков, Борец го тестираше и српскиот стопер Никола Терзин, кој одигра солидни минути на контролата против Њу Старс во саботата. За следните денови од Борец најавуваат официјална промоција на сите нови играчи и стручен штаб.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: