Реклама

Велешкиот кошаркарски репрезентативец Владимир Брчков е спасителот на ФК Борец

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Владимир Брчков, најверојатно ќе биде спасителот на ФК Борец од Велес. Порталот ММС прв ја објави информацијата дека токму овој кошаркар заедно со неговиот братучед Марио Брчков да застанат на чело на клубот по повлекувањето на бизнисменот Кочо Анѓушев, за да го спасат велешкиот прволигаш од колапс.

Zito akcija 640x289px

Брчков кошаркарската кариера ја почна во Ангели од Велес, а во кариерата има настапувано и за Работнички, Фени индустри, Кожув, Струмица како и за албанска Тирана. Тој се уште е дел од велешката кошаркарска сцена, како член на второлигашот Борец Велес.

Agria

„Идејата беше на мојот братучед Марио, кој ме побара да му помогнам сметајќи на моите конекции и искуство во професионалниот спорт. Го сакам Велес, го сакам фудбалот и сметам дека велешани заслужуваат да гледаат прволигашки натпревари. Очекувам во следните денови да се комплетира преземањето на клубот и Борец подготвен да го дочека вториот дел од сезоната“, изјави Брчков за „ММС“.

Новата управа продолжува да преговара со повеќе играчи за продолжението на сезоната, а веќе се ангажирани 10 нови играчи и речиси нов стручен штаб, на чие чело е Борче Христов, на кого ќе му помагаат Марјан Герасимовски и Благој Лефков, а тренер на голманите е Зоран Ристевски. Покрај голманот Андреја Ефремов, одбранбените играчи Ванче Шиков и Филип Мишевски, играчите од средниот ред Лука Трајковски и Мартин Талаков и напаѓачите Александар Мишов, Хрватот Еди Баша и Азер Омерагиќ, нов играч на Борец е и некогашниот младински репрезентативец, плејмејкерот Анес Османовски (20), кој во изминатиот период настапуваше за Брегалница, а од ФК Превалец е вратен и велешанецот Давид Астарџиев. Србинот Никола Терзин не ги задоволил вкусовите на стручниот штаб и тој нема да биде ангажиран.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18450/borecz-kupi-igrach-od-splitski-hajduk/