Состојбата со ковид-19 во Велес стабилна

Bolnica Veles
Bolnica Veles

Денешната ковид состојба регистрира нови 16 позитивни случаи на коронавирус во Велес. Регистрирани се и 14 оздравени велешани. Активниот број на случаи е 218.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (61г, 66г, 86г), два пациенти од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од  Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: