33 годишен велешанец заврши во притвор, откако полицијата го пронашла со возилото кој тој го противправно присвоил.
Во соопштението на Јавното обвинителство се вели дека осомничениот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото.
За осомничениот 33-годишник од Велес, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
Можеби ќе ве интересира: