Состојбата со хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница е стабилен. Од болницата информираат дека денеска таму се лекуваат 31 пациенти, од кои 26 имаат потврдени позитивни тестови, двајца се сомнителени на вирусот , а тројца имаат негативни тестови, но им е потребно болничко лекување.
На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишан е еден пациент. како оздравен со негативен тест.На инфективното одделение се хопитализирани 30 пациенти, а на интерното одделение е сместен еден пациент.
Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразија 3259 велешани, од кои 2925 се излекуваа, а починаа 106 пациенти. Во моментов се уште активни се 228 случаи.
Можеби ќе ве интересира: