И денес Велес со двоцифрена бројка на новозаболени од ковид-19

veles
veles

Ковид состојбата со новозаболени во Велес константно е со двоцифрени бројки. Денес се регистрирани нови 15 позитивни случаи на коронавирус во градот. Оздравени се пет велешани. Активниот број на случаи е 228.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 167, Прилеп – 37, Кавадарци – 33, Охрид – 17, Велес – 15, Куманово и Тетово – по 14, Гостивар и Неготино – по 12, Штип и Гевгелија – по 7, Битола – 6, Струга и Кратово по – 4, Струмица и Ресен – по 3, Кочани, Делчево, Пробиштип и Крушево – по 2, Кичево, Крива Паланка, Берово и Валандово – по 1.

Регистрирани се 202 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се 2 пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: