Реклама

Aвтомобил излета на Штипско џаде

Soobrakajka

Попладнево околу 15 часот на регионалниот пат Велес- Штип, кај месноста Ѓубриште , се случи сообраќајна незгода. Двајца патници се полесно повредени кога нивниот автомобил изетал од патот и се превртел.

Zito akcija 640x289px

Најверојатно поради лизгавиот коловоз, возачот изгубил контрола над возилото и тоа излетало од патот. Повредените се пренесени во Општа болница Велес каде им се констатирани лесни телесни повреди.

Agria

“Во 15:30 часот на одделот за хирургија при ЈЗУ Оппта болница Велес од страна на Итната медицинска помош донесени се две лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди, при што се задржани за опсервација на истиот оддел”, соопшти др. Елеонора Јованова, портпарол на велешка болница.

Поради увидот на местото на настанот, сообраќајот беше во краток прекин.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18536/dvoczifren-broj-na-zarazeni-veleshani-so-kovid-19-vo-poslednite-24-chasa/