Само еден велешанец е регистриран како новозразен од ковид-19 во последните 24 часа, додека 14 се оздравени, информираше Министерството за здравство. Активниот број на случаи на коронавирус во Велес е 231.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj на ковид-19 во:
Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево – по 1.
Регистрирани се 308 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 3 пациенти од Прилеп, по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.
Можеби ќе ве интересира: