Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Телевизија 24 рече дека немаме проблем да ја набавиме руската вакцина против ковид-19, бидејќи во вакцинацијата нема политика, и додаде дека се одлучиле за вакцината на „Фајзер“ поради тоа што таа била понапредна во клиничките студии.
„Во вакцинацијата нема политика. Тоа е исклучиво прашање кое ги прави правилата во делот на завршување на студиите и сите сертификати кои вакцини ќе ги добијат. Затоа што „Фајзер“ беше понапредна во клиничките студии, затоа почнавме преговори со нив. Во моментот кога пристигна понудата од руската амбасада за набавка на „Спутник 5“, вакцината се наоѓаше во третата фаза на клиничката студија. Но, сè уште не е завршен целиот процес. Немаме проблем да набавиме. Не постои тука политика“, изјави Филипче.
Инаку вчера на граничниот премин Табановце стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, донација од Република Србијја. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.
Можеби ќе ве интересира: