Хрватскиот главен град Загреб утрово во 6:24 го погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтеровата скала. Тоа е најјакиот потрес во овој град во последните 140 години.
Засега, нема вести за загинати. Петнаесетгодишно девојче се бори за живот, откако се урнала нејзината куќа.
Оштетени се повеќе објекти, особено во центарот на Загреб, каде што се наоѓаат претежно старите градби.
Падна дел од кулата на катедралата во Загреб, а оштетени се и неколку државни објекти.