Реклама

Поголем број на оздравени од заразени велешани со ковид-19 во изминатото деноноќие

veles

Ковид статистиката на Министерството за здравство регистрира шест нови случаи на коронавирус во Велес. Оздравени се 17 велешани, со што бројката на активни случаи во градот е 227.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 2.160 тестирања, а регистрирани се 254 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 111, Прилеп – 29, Кавадарци – 20, Охрид – 13, Неготино – 10, Битола – 9, Гостивар – 7, Куманово и Велес – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип, Струмица, Струга и Ресен – по 4, Кочани, Делчево и Виница – по 3, Кичево, Дебар, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево, Богданци – по 1.

Agria

Регистрирани се 151 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 16 починати лица. Починати се 5 пациенти од Прилеп (83г, 75г, 75г, 73г, 49г), 3 пациенти од Охрид (85г, 83г, 77г), 2 пациенти од Скопје (78г, 62г) и по еден пациент од Куманово (76г), Крива Паланка (76г), Струга (68г), Гевгелија (75г), Кочани (83г) и Неготино (67г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 502.711 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.285, бројката на оздравени пациенти е 89.400, на починати е 3.063, а бројот на активни случаи изнесува 6.822.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18742/za-nenosene-maska-napishani-382-kazni/