МВР доцна попладнево не успеала да го најде поранешниот директор управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков на адресата во комплексот Панорама на Водно за да му го врачи решението за куќен притвор кое вечерва според информациите е донесено од скопскиот кривичен суд.
Според ТВ Алсат полицијата издадала потерница за Сашо Мијалков а од телевизијната од извори во полицијата дознава дека телеграмата е испратена до сите гранични премини. За ваквата мерка неофицијално се дознава дека е покрената врз основа на сомневања за можно бегство на Мијалков пред изрекувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ .Судот претходно му изрече мерка куќен притвор.
Претходно од Кривичен суд по барање на Обвинителството му определиле куќен притвор поради случајот “Таргет-Тврдина” за кој треба да има пресуда во среда.
Досегашните мерки на претпазливост предвидуваа поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков да се јавува редовно во судот.
Засега официјална потврда нема ниту од судот ниту од МВР.
Можеби ќе ве интересира: