Фудбалерите на КМФ Кеги Моби им се вратија на победите. Во рамките на 13 коло од Првата футсал лига на Македонија, Кеги Моби беше подабар од екипата на Мал Ајакс од Штип со резултат 4 : 1.
Мрежите мируваа се до 25 минута од натпреварот кога Чоков го отвори резултатот. Следуваа головите на Тодоровски, Спасовски и Пановски. Димитровски од Мал Ајакс само го ублажи поразот во последните моменти од натпреварот.
Во следното коло Кеги Моби ќе гостува кај Карадаку.
Можеби ќе ве интересира: