СЗО: Карантинот не е доволен да го победиме коронавирусот

mike ryan who
mike ryan who

Државите не можат едноставно да ги заклучат своите општества, за да го победат коронавирусот, рече Мајк Рајан главниот експерт за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО), додавајќи дека мора да се преземат јавни здравствени мерки, за да се спречи подоцна вирусот повторно да се појави.

Zito akcija 640x289px

„Она на што навистина мора да се фокусираме е пронаоѓање на оние што се болни, кои го имаат вирусот, да ги изолираме и да ги најдеме нивните контакти и да ги изолираме и нив“, рече Мајк Рајан од СЗО во интервјуто, кое го даде во шоуто на Ендру Мар на британскиот јавен сервис Би-би-си.

Agria

„Опасноста со карантин е таа што ако веднаш не донесеме силни здравствени мерки, постои опасност болеста да се врати кога ќе ги укинеме ограничувањата за движење и карантин“, пренесе Ројтерс.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: