Реклама

Протест на угостители, фотостудија и музички бендови, на маса да преговара седна и министерот Битиќи

svadbari i ugostiteli pred vlada protest

Угостителите, претставниците на фотостудијата и музичките бендови денеска излегоа на протест пред владата со барање да им се овозможи да работат со протоколи.

Zito akcija 640x289px

Пред Владата беа поставени маси и столови кои беа украсени во свадбен стил, а потоа го пречекаа и министерот Фатмир Битиќи. Тие му соопштија дека се незадоволни од рестриктивните мерки кои го лимитираат нивното работење, како и финансиската помош која во моментов им се нуди, бидејќи како што велат, таа е недоволна за основно функционирање. Велат дека ќе останат таму се додека не се усвојат нивните барања.

Agria

Битиќи рече дека оваа дејност е опфатена во сите мерки и дека е подготвен да седне да разговара повторно, но дека нема храброст да побара од Комисијата за заразни болести да попушти во рестрикциите.

Протестот пред Владата ќе биде во времетраење од два часа односно во периодот од 15 до 17 часот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18812/mal-porast-na-novozaboleni-od-korona-virusot-eden-veleshanecz-pochina/