Доби многу битки, сега му треба наша помош да ја добие војната со тешката болест! Да му помогнеме на Ристе Гиовски!

Riste Giovski

Многумина го познаваат велешанецот Ристе Гиовски како ведар човек, подготвен секому да помогне, човек кој преку дресурата на шарпланинката Стела, придонесе за топлата порака која ја испрати првиот македонски семеен филм, насловен по кучето кое го дресираше од мало. Ристе, кој на пошироката јавност и стана познат по филмот „Стела“, деновиве ја води најважната битка во својот живот – да ја победи опаката болест. Скромниот Ристе веќе некое време боледува од канцер и досега успеваше сам, со сопствени сили да се справи со болеста, но сега му е потребна нашата помош, повеќе од кога и да е.

Zito akcija 640x289px

Откако му е дијагностициран канцер, Ристе беше подложен на дури 33 хемотерапии. Во меѓувреме, тој започна лекување во Турција, кое е скапо, а Ристе веќе нема доволно пари, сам да го плати. Неговите пријатели, сограѓани покренаа иницијатива за собирање парични средства за оваа намена. Нашата редакција се придружува на овој повик за хуманост.

Agria

Отворена е сметка за донации, а набргу во функција ќе бидат и телефонски броеви на кои ќе може да се донира. Покажете ја својата хуманост и донирајте на следнава сметка, за Ристе да и го зададе конечниот удар на опаката болест:

Ристо Гиовски
жиро сметка 300007081853830
Комерцијална банка

Ристе Гиовски и неговата улога во филмот „Стела“

Еден од главните ликови во „Стела“ е истоименото куче – шарпланинец, кое е сврзувачкото ткиво на разделеното семејство од филмот. За да ги „одигра“ сцените така како што режисерот Вујичиќ замислил, за Стела беше задолжен дресерот, велешанецот Ристе Гиовски. Тој е по професија дресер, а оваа работа професионално ја извршува во АРМ, каде што е вработен. Гиовски е сопственик на стационарот за кучиња „Гиовски тим“, кој се наоѓа во атарот на село Војница, велешко.

Еве што Гиовски изјави на премиерата на „Стела“:

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: