Реклама

Седумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски, во несреќата загина и велешанка

Boris Trajkovski

Со положување цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 17-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Zito akcija 640x289px

Претседателот на државата Стево Пендаровски како што е најавено ќе положи цвеќе на гробот на претседателот  Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, а делегации од Кабинетот на претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.

Agria

Велешнката Анита Кришан Лозаноска беше дел од тимот на претседателот што патуваше на меѓународна економска конференција во Босна и Херцеговина. Таа работеше како советник во кабинетот на претседателот.

Во авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и велешнката Анита Кришан Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18835/dobi-mnogu-bitki-sega-mu-treba-nasha-pomosh-da-ja-dobie-vojnata-so-teshkata-bolest-da-mu-pomogneme-na-riste-giovski/