И денес поголем број заразени од оздравени велешани во последните 24 часа

Veles nov most Fevruari

И денес во ковид статистиката на Министерството за здравство бројката на новозаразени во Велес е двоцифрена. Во последното деноноќие се регистрирани 10 новозаразени велешани, четворица се оздравени. Бројот на активни случаи во градот е 250.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во:

Agria

Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип – 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г, 70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г)  Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: