Младите ракометари на Борец извојуваа победа на отворањето на пролетниот дел од плеј аутот во Првата ракометна лига. Вечерва тие беа подобри од екипата на Делчево со резултат 32 : 30.
Во текот на целиот натпревар велешани го имаа водството. Тие го имаа највисокото водство во 42 минута од девет голови предност, но на крај поради многу технички грешки, и неискуството можеше да се случи и пресврт.
Во екипата на Борец најефикасни беа Табаков со седум, Мачавелов и Атанасовски со шест, додека во таборот на Делчево се истакна Филип Велков со постигнати 11 гола.
Погледнете го целиот натпревар:
Можеби ќе ве интересира: