Реклама

Виктор Гигов избран за МВП на колото во грчкото ракометно првенство

Грчките спортски новинари го избраа Виктор Гигов за МВП на колото поради неговите фантастични одбрани.

Zito akcija 640x289px

Тој со процент на одбрани од 56% (9/16) придонесе најмногу за победата на ПАОК на гостински терен против Аеропос со 19-27, во рамките на осмото коло од грчкото ракометно првенство.

Agria

“По суспензијата на шампионатот поради пандемијата, среќен сум што се вративме на теренот со победа на гости. Аеропос е многу добра екипа, особено кога игра на домашен терен, и тоа беше причината зошто влеговме во натпреварот фокусирани уште од првата секунда. Дадовме сè на теренот, ги следевме упатствата на нашиот тренер, па така дојде и победата. Задоволен сум од индивидуалната разлика, им благодарам на оние што гласаа за мене. Исто така, сакам да им се заблагодарам моите соиграчи, со кои заедно се боревме за оваа важна победа на гости. Продолжуваме со повеќе успеси во иднина! ” изјави Гигов за официјалната веб страна на ПАОК.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18971/video-vnimavajte-izmameni-gragani-preku-soczijalnite-mrezhi/