По барањето на Неготино и Гевгелија да се стават во карантин, Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции, ама не се исклучува и таква можност.
“Изминатиот период навистина има зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи и зголемување на бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација”, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Тој најави дека можноста за воведување нови рестрикции ќе се разгледува во почетокот на следната седмица и дека одлуките ќе се носат согласно со анализата што се подготвува за ширењето на коронавирусот во различни градови и за кој тип на вирусот станува збор.
Можеби ќе ве интересира: