Продолжува трендот на поскапување на горивата

Benziska pumpa
Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика не отстапува од својот тренд на поскапување на цените на горивата во нашата земја.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат трета недела по ред и од полноќ ќе бидат поскапи за половина денар по литар. Така, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 66 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар.

Agria

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како пред една недела.ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 56 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 45 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,446 денари за кгилограм и ќе изнесува 35,843 ден/кг.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: