Грција останува затворена за Македонија. Продолжува забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи и за патниците од земјите од третиот свет. Забраната важи две недели, поточно до 22 март.
Минатата недела, Грција ги засили мерките на граничните премини Евзони и Какавија на северот на земјата, кон Северна Македонија, односно Албанија.
Царината работи пократко (од 7,00 до 17,00 часот) и бројот на лица кои можат да влезат во земјата дневно е ограничен на 400, а за нив е задолжителен четиринаесетдневен карантин.
Секој што сака да влезе во Грција мора да помине брз антиген тест за ковид, вклучително и возачи на камиони.
Новите ограничувачки мерки предизвикаа проблеми, па грчките и македонските возачи протестираа на Евзони во петокот.
На туристите исто така не им е дозволен влез, но тие можат да дојдат преку преминот со Бугарија Промахонас, потребно е само да покажат негативен ПЦР-тест направен во претходните 72 часа.
На граѓаните на земјите членки на ЕУ, како и на државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Русија и Израел не им е забранет влез.
Здравствените работници, жителите на ЕУ, членовите на дипломатските мисии, дипломатите, возачи на камиони, транзитни патници, студенти, негуватели на стари лица и инвалиди и сезонски земјоделски работници се изземени од забраната за влез