Проектот реконструкција на градскиот фудбалски стадион е завршен. Реконструкцијата на стадионот се реализираше со финансиски средства од Агенцијата за млади и спорт во висина од 12.210.341,00 денари. Градоначалникот Аце Коцевски и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска извршија увид на завршените градежни зафати на стадионот.
На Градскиот стадион се изгради западната трибина за публика која зафаќа површина од 350 квадратни метри,се реконструираше и објектот во кој се сместени соблекувалните.
Со ова стадионот „Зоран Паунов“ во Велес полека но сигурно добива лик на модерен и современ стадион, изграден по сите меѓународни стандарди.
Можеби ќе ве интересира: