Притвор за кавадарчанец заради полов напад врз деца

Polov napad deca

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

Agria

Имајќи ја предвид опасноста од бегство на осомничениот,  страв дека доколку  биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и тежината на стореното кривично дело за кое е запретена висока казна затвор во траење од најмалку 12 години, јавниот обвинител поднесе до надлежниот суд Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Основниот суд Кавадарци со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: