Реклама

(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) Како помина првиот полициски час во Велес

Измина првиот полициски час во Велес. Полициските патроли, синоќа со запалени ротациони сигнали, кои беа единствените кои се движеа по улиците, само го засилуваа впечатокот на атмосфера како од научно-фантастичен филм. Коронавирусот го испразни и Велес.

Zito akcija 640x289px

Со дозвола за движење во полициски час, нашата екипа направи обиколка на градот. Освен полицијата, својата работа ја вршеа и вработените од јавното комунално претпријатие „Дервен“. Неколкумина велешани кои се подзаборавиле, итаа кон дома да не ги сопре полиција. Забележливо беше и присуството на војската, која заедно со полицијата патролираа низ улиците.

Agria
Veles policiski cas

Од велешката полиција велат дека првата ноќ на полицискиот час поминала мирно, без ниту едно прекршување или инцидент. Од велешкиот Здравствен дом се заблагодарија на жителите на општините Велес, Чашка и Градско, што за време на првиот полициски час во историјата на земјава биле општествено одговорни и рационално ги користеле услугите на итната медицинска помош.

Оттаму велат дека биле во постојана комуникација со полицијата, за да се создаде непречено движење на оние граѓани, кои имале потреба од медицинска помош. Полицискиот час во земјава се воведе од синоќа, како една од мерките во борба против ширењето на коронавирусот. Засега, во Велес нема заразени со овој висрус.

Галеријата со фотрографии од улиците на градот во првата ноќ од полицискиот час можете да ги видите на нашиот Facebook Fan Page.